Германија ги повлекува предупредувањата за патување во 26 земји од ЕУ од 15 јуни

од Vladimir Zorba

Германија ќе ги укине предупредувањата за патувања во 26 земји од ЕУ од 15 јуни, рече министерот за надворешни работи, Хајко Мас, додавајќи дека Берлин тогаш ќе донесе одлука за насоки за патување во други земји, вклучително и Турција.

Извор на владата наведува дека на овој чекор ќе бидат вклучени и земји кои не се членки на Европската унија, односно Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Германскиот кабинет се очекува идната недела официјално да одобри насоки за опуштено патување во други земји на ЕУ, затоа што најголемата европска економија полека ги олеснува воведените свои мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Слични содржини