Германскиот телекомуникациски регулатор ја забрани продажбата на детски паметни часовници со кои родителите може да ги проверуваат своите деца, бидејќи ги нарушиле строгите закони за надзор.

Еден дел од паметните часовници кои се продаваат, а кои се дизајнирани за деца од 5 до 12 години, се проблематични затоа што со нив може да се прислушува. Побарано е од родителите да ги уништат.
Според истражувањето откриено е дека родителите може да ги прислушуваат учителите на час.
Паметните часовници кои содржат микрофон, а со нив може и да се телефонира, како Apple Watch, легално се продаваат во Германија. Проблематични се само оние кои имаат snooping опција.