„Германија го користи Навални да се меша во внатрешните работи на Русија“

од Vladimir Zorba

Германските власти продолжуваат да ја користат ситуацијата околу блогерот Алексеј Навални за да се мешаат во внатрешните работи, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Заклучуваме дека германските власти продолжуваат систематски да го користат Алексеј Навални со цел да се мешаат во внатрешните работи на Русија и да ги реализираат нивните амбиции во надворешната политика во рамките на НАТО и ЕУ. Претставниците на германската влада и парламентарниот кор на Бундестагот активно шпекулираат во јавноста за обвинувањата против рускиот казнено-поправен систем, кои тој и неговата придружба совесно ги шират“, се вели во соопштението.

Се посочува дека ако германските власти продолжат да молчат за руските прашања поврзани со случајот Навални, тие само ќе признаат дека биле вклучени во инцидентот со него.

„Четири барања и три официјални писма од Генералното обвинителство на Русија за обезбедување меѓународна правна помош во рамките на предистражната проверка на причините за итната хоспитализација на блогерот во Омск на 20 август 2020 година, спроведена од руското Министерство за Внатрешни работи, остануваат без никаква разбирлива реакција. Ќе продолжиме јавно да бараме разбирливи, значајни одговори од Берлин. Доколку германските власти продолжат да молчат, тие само ќе го признаат своето директно учество во инцидентот со рускиот блогер“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека изјавите на Берлин за Навални можат да бидат насочени кон дестабилизација на ситуацијата во Русија пред изборите за Државната дума.

„Официјален Берлин постојано поставува категорични барања до Москва, чија цел не е ништо друго освен дополнително информативно „пумпање“ на имиџот на Алексеј Навални, како „водач на протестното движење во Русија“, „жртва на режимот“, „затвореник на совеста“, која медиумите од западниот систем конзистентно ја конструираат. Слични напори, кои паралелно ги преземаат други земји, во практична смисла можат да бидат насочени исклучиво на вршење дестабилизирачко влијание врз внатрешната политичка состојба во нашата земја“, стои во соопштението, цитирано до Спутник.

Според проценката на руското Министерство, во светло на претстојните избори за Државната дума на Русија, кои ќе се одржат во септември оваа година, „се чини дека тоа е нивниот единствен кредибилен мотив“.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше хоспитализиран во Омск минатиот август откако му се слоши во авион на пат од Томск. Врз основа на резултатите од испитувањето, лекарите од Омск наведоа метаболичко нарушување како главна дијагноза, што предизвика нагло менување на шеќерот во крвта. Сè уште не е јасно која е причината за тоа, но според лекарите од Омск, не биле пронајдени отрови во крвта и урината на Навални.

Подоцна, Навални беше префрлен во Германија со авион. После тоа, германската влада, повикувајќи се на воени лекари, објави дека Навални бил наводно отруен со супстанца од групата хемиски воени отрови „Новичок“. Во исто време, германските власти претходно не негираа дека нивната разузнавачка служба БНД имала пристап до воениот отров уште од 90-тите години на минатиот век.

Слични содржини