Германија ја повика Кина да изврши притисок врз „агресорска“ Русија да ја прекине војната

од Nikola Popovski

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во петокот ја повика Кина да изврши притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина, велејќи дека ниту една друга земја нема „поголемо влијание над Русија“.

Зборувајќи по состанокот со нејзиниот кинески колега Чин Ганг во Пекинг, таа рече дека изразила загриженост за прашањата за човековите права и ескалацијата на тензиите со Тајван.

Нејзината посета доаѓа една недела по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кои исто така ја охрабрија Кина да одигра поголема улога во решавањето на украинската криза.

„Добро е што Кина ја сигнализираше својата посветеност на решение, но морам искрено да кажам дека се прашувам зошто сегашната кинеска позиција не вклучува повик до агресорот Русија да ја прекине војната“, рече Баербок.

По средбата беше најавено дека кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу во недела ќе ја посети Русија, на покана на неговиот колега Сергеј Шојгу.

Пекинг: Територијата и безбедноста се неделиви

Кина се позиционираше како неутрален посредник во текот на конфликтот, но нејзиното одбивање да ја осуди инвазијата и неодамнешната посета на претседателот Си Џинпинг на Москва, ги наведоа западните сили да ја обвинат дека го фаворизира својот традиционален сојузник.

Чин во петокот рече дека Кина верува дека „единствениот начин за решавање на украинската криза е промовирање на мирот и преговорите“.

„Украинската криза се развива до ден-денес, а лекциите се длабоки, достојни за длабоко размислување од сите страни. Територијата е неделива, а исто така и безбедноста“, рече тој.

„Без признавање на безбедносните интереси на одредена страна – кризите и конфликтите се неизбежни“, додаде Чин.

Во меѓувреме, Баербок рече дека го информирала својот кинески колега за германската загриженост дека човековите права се „ограничени“ во Кина, а се намалува и „опфатот за ангажман на граѓанското општество“.

Слични содржини