Германија на Европа или Европа на Германија

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Дилемата во насловот ја одразува дискусијата во Европската унија за улогата на Германија во овој интеграциски проект. Пред сè таа е поврзана со посебната положба и улога на Сојузна Република Германија во решавање на многу проблеми кои претставуваат закана за иднината на европската интеграција. Од една страна Германија е најсилна и стабилна економија во Унијата, која го преживеa најтешкиот период во својата историја, наоѓајќи се под влијание на последиците од економската и финансиска криза, миграциската криза, растечкиот евроскептицизам и популизам во земјите од ЕУ и кризата во односите со Русија поради украинскиот конфликт.

5144530

Од друга страна токму водечката улога на Германија во ЕУ предизвикува сомнеж и иритација кај голем број европски политичари и претставници на експертската заедница во германизацијата на Унијата, која по нивното мислее ја одредува политиката на Брисел. Јаженца на „Тевтонски политички рецепти – од кратењата на буџетските трошоци до реформите на пазарот на трудот”, како и претензиите на Германија за политичко лидерство претставуваат суштината на обвиненијата за германизација на Европа. Во оваа врска е потребно да се разберат причините за таквото видување на улогата на Германија во ЕУ, така и причините за правење тензии. Придонесот на Германија за европската интеграција, се поврзани со германско-француското помирување во минатиот век. Овој тандем беше носечка конструкција на европската интеграција со децении. Обединувањето на Германија даде импулс на развојот на европската интеграција. Поконкретно само одбивањето на Германија од нејзината валута, марката, најстабилната во ЕУ, направи можно создавање на единствена валута – еврото. Зајакнувањето на лидерството на Германија се објаснува со објективни причини. Прво, стабилност на економијата, која многу луѓе ја поврзуваат со успешното лидерство на канцеларката Ангела Меркел, која е на власт веќе 10 година и до неодамна имаше висок рејтинг. Второ, маргинализирање на некои од водечките земји според различни причини. Велика Британија, со „Брекзит”, сама се изолира од Европа. Франција по силата на сложената економска ситуација и слабото политичко раководство фактички го отстапи првентсвото на СРГ. Италија стана една од најпроблематичните земји во еврозоната и денес ја преживува сериозноста од банкарска криза. Негативните последици за ЕУ од оваа криза многу економисти ја споредуваат со “Брекзит”. Од декември 2015 година Шпанија живее без влада и не беше јасно до кога таа ќе се наоѓа во таква состојба.

merkech

Трето, трансформацијата на улогата на Европската комисија, која, според мислењето на многу експерти, стана од „државен граѓански службеник во политички оператор”. Политизацијата на Европската комисијата се должи и на посебните односи со раководството на Германија како најуспешна земја во ЕУ. Сето ова доведува до заклучок дека Германија во текот на спроведувањето на интегративните проекти направи грешки. Но, она што лесно се простува на земјите членки на ЕУ, не се простува на земјата-лидер. Голем број научници европеисти сметаат дека една од главните причини за системската криза во ЕУ е избрзано проширување на ЕУ и еврозоната. Прашањето за приоритет и сооднос на процесите на продлабочување и проширување на европската интеграција отсекогаш била предмет на остра дискусија внатре во ЕУ, каде се формираа три основни школи – француската [со приоритет врз продлабочувањето], британска [со приоритет кон проширувањето] и германска [ успоредност на процесите на продлабочување и проширување на европската интеграција], која е компромис меѓу двете крајни точки на гледање, и стана основа во ЕУ. Само што се покажа дека истовремениот „екстензивен” и „интензивен” развој на европската интеграција е невозможен. Прашањето за раководството на ЕУ не би требало да се состои во тоа „дасе прошири или не ЕУ”, туку како и кога”. Светската економска и финансиска криза послужи за катализатор на проблемите кои постојат во Унијата до 2008 година, напорите диференцијација во ЕУ, поделбата на стара и нова Европа. Земјите од т.н Нова Европа како целина се покажаа разочарани од резултатите на членството во Унијата.

Во периодот 1998-2002 година, кога се создаваше еврозоната, всушност Германија и Франција беа иницијаторите на лансирањето на монетарната унија. Земјите со висок удел во извозот беа засегнати од силната валута и се надеваа дека тоа ќе овозможи да се стабилизира финансискиот систем. Но, паралелно со тоа од самиот почеток структурата на еврозоната беше контроверзна. Системот во еврозоната беше исклучително монетарен, а не даночно-буџетски. При заедничка валута земјите од еврозоната ги задржаа посебните системи на оданочување, пензиски фондови и буџети. Политиката предложена од Меркел за штедење за борба против европската криза се одразуваше во заострување на правилата да се намали задолженоста на земјите од ЕУ, што значеше намалување на буџетските трошоци. Тоа беше лошо прифатено од земјите од Јужна Европа, чија економија така и така веќе преживеала пад, поради што започна значително зголемување на невработеноста. Според голем број експерти во одреден степен обложениот на Јужна Европа германски модел продлабочи економската криза во овие земји. И конечно миграциската политика на Меркел во екот на кризата покажа поголемо влијание за формирањето на вкупната имиграциски стратегија на ЕУ, и предизвика нагло отфрлање од земјите од Централна и Источна Европа. Критиката на оваа политика како премногу либерална и опасна за иднината на Германија расте и во германското општество, и во голема мера во владејачката коалиција.5144532

Во економската и имиграциски политики на Берлин треба да се забележи дека во последно време беа направени суштински промени. Покрај тоа би било нефер да се префрла одговорноста за неуспесите во развојот на европската интеграција само врз Германија. Пред сè за тоа се виновни самите институции на ЕУ. Практично во сите кризни ситуации Германија преземе одговорност и иницијатива, кога другите се повлекуваат настрана. Во одредена мера таа одигра улогата на лидер само по потреба. Изгледа за иднината на европската интеграција денеска главниот збор и закана не е германизацијата на Европа, туку деевропеизацијата на Германија. Не само во земјите од новата Европа, но и во земјите кои традиционално и припаѓаат на јадрото на ЕУ – Германија, Италија и Франција, денеска се засилува евроскептицизмот. Меѓу политичката елита таму секогаш постоел консензус за тоа дека судбината на нивните земји е поврзана со единството на Европа. Само што оптимистички поглед за обединета Европа и европски вредности како лек при економска, социјална и политичка нестабилност се повеќе се заменува со разочарување.

 

………………………………….

Надеж Арбатова, “Независимаја газета”