Германија: На камера покажал среден прст, добил казна од 1.500 евра

од Vladimir Zorba

КРШЕЊЕТО на ограничувањето на брзината е едно, но безобразието е сосема друго. Така, 26-годишен возач поминал низ контролен пункт во близина на германскиот град Кулбах, кој се наоѓа на 25 километри од Бајројт во баварската провинција Горна Франконија, со брзина за 11 км/ч поголема од пропишаната. Ниту во строгите германски судови не е голем грев, па за тоа е предвидена казна од 20 евра.

Меѓутоа, младиот човек решил да го „почести“ оној што ги гледа видеата на престапникот со среден прст кренат во воздух, меѓународен симбол… па, знаете за што.

Ова не ја возбуди полицијата која поднела жалба за навреда, а окружниот суд во Кулбах го осудил несовесниот возач на БМВ на парична казна од 1.500 евра и едномесечна забрана за возење.

Слични содржини