Германија започнува истрага против Кијану Ривс за новиот филм

од Vladimir Zorba

Снимањето на филмот „Матрикс 4“ во Германија ја шири опасноста од коронавирус, а главниот актер Кијану Ривс е особено на удар во таа земја. Властите во Берлин започнаа истрага за ова.

За време на снимањето на овој филм во студиото „Бабелсберг“ во Потсдам, дел од Берлин, се одржа голема забава со повеќе од 200 гости. Тоа се случи среде пандемија на коронавирус и откако Ангела Меркел ги повика Германците да не присуствуваат на масовни настани.

Продукцијата тврди дека станува збор за снимање на одредени сцени, меѓутоа, германските медиуми наведуваат дека всушност станува збор за прослава која била камуфлирана на снимањето. Германските медиуми наведуваат дека настапиле диџеи, се користеле пиротехнички средства, се служеле храна и пијалоци, а биле поставени и штандови за тетоважи.

Патем, забраната за организирање настани со повеќе од 50 учесници е на сила во Берлин, со претходна регистрација. Во настанот учествуваа и Киану Ривс, неговата девојка Александра Грант и режисерите Лана и Лили Ваховски, кој беше наречен „Сладолед настан за тимот“.

„Сите беа расположени. Претходно, сите беа подложени на брз тест за корона. Секој мораше да дојде со маски, но многумина не ги носеа подоцна“, изјавија учесниците на забавата за германските медиуми.

Продукцијата тврди дека станува збор за снимање, а портпаролот на студијата „Бабелсберг“, Бјанка Макаревиќ, за германските медиуми изјави дека се почитувале сите епидемиолошки мерки. Градските власти на Берлин не добија извештај за кршење на мерките, но по извештаите во медиумите, тие изјавија дека ќе започнат истрага, пренесе „Спутник“.

Слични содржини