Германска министерка: Русија го користи гладот ​​како оружје во војната

од Stefanija Kuzmanovska

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во средата ја обвини Русија дека го користи гладот ​​и осиромашувањето како оружје за војната, блокирајќи го извозот на жито од Украина.

„Русија користи уште едно страшно и моќно оружје во оваа војна, глад и сиромаштија. Со блокирање на украинските пристаништа, уништување силоси, патишта и железници, Русија започнува војна за жито и предизвикува глобална криза со храна“, рече Бербок на состанокот на министрите за надворешни работи на ОН во Њујорк.

„Ова е во време кога, поради разорните ефекти од климатската криза, пандемијата и конфликтите кои беснеат во нивните региони, милиони луѓе веќе се соочуваат со закана од глад, особено на Блискиот Исток и Африка“, рече германската министерка.

Германија наведува дека Русија го блокирала извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред се во Азија и Северна Африка. Голем дел е блокиран во пристаништето во Одеса.

Слични содржини