Германската амбасадорка во Бугарија: Скопје и Софија да ги надминат спорните прашања заради нивниот развој

од Nikola Popovski

Германската амбасадорка во Бугарија, Ирене Марија Планк вчера во интервју за „БТВ“ била запрашана како официјален Берлин на односите и спорните прашања. меѓу Софија и Скопје и колку историјата е важна во дијалогот.

Според неа, историјата игра многу голема улога.

-Минатото игра голема улога. И нормално, гледаме на ова со одредена загриженост. Се надеваме и посакуваме Бугарија и Северна Македонија да можат да ги надминат овие конфликти и да ги зближат позициите заради нивниот развој. Мислам дека имаме и многу позитивни примери. На почетокот на мај, во Стразбур беше отворена заедничка изложба на Бугарија и Северна Македонија. Присутна беше претседателката на Европскиот парламент г-ѓа Мецола. Атмосферата беше многу пријателска. А од економската сфера можам да ви кажам дека неколку значајни германски компании развиваат деловни активности и во Бугарија и во Северна Македонија и имаат прекугранични активности. Тие споделуваат само добри работи за оваа соработка. Тие известуваат и за економските можности кои произлегуваат од оваа поблиска соработка. Затоа сакам работите да продолжат вака и во иднина, рекла Планк во интервјуто.

Слични содржини