Кина, наводно, лажела за епидемијата со цел да се снабди со заштитни маски на меѓународниот пазар пред да станат најбарани производи.
Така барем, се вели во американски таен извештај објавен од германскиот таблоид „Билд“. Така пишува тајниот извештај на Министерството за внатрешна безбедност на САД на четири страници, во кој се вели дека Кина го измамила светот и сокрила информации за коронавирус за да се опреми со заштитна опрема, пред да го стори тоа и остатокот од светот.
Неговата содржина сугерира дека Кина ја сокрила епидемијата на коронавирус со цел да обезбеди медицински материјали, вклучително и заштитни маски. Во извештајот се наведува дека Кина намерно го минимизирала вирусот на почетокот на јануари. Во исто време, тие значително го зголемиле увозот на медицинска опрема и драстично го намалија извозот.
Во истиот извештај се вели дека Пекинг, со цел да обезбеди простор за маневрирање со набавката на овие видови производи, со задоцнување објавил за Ковид-19. Тие нарачале големи количини на заштитни маски, ракавици и хируршки престилки, како и други медицински материјали потребни за борба против ширењето на инфекцијата.
Слично на тоа, никој во Светската здравствена организација не бил свесен за настаните во Кина за време на пандемијата.
Исто така, Кина ги замолкнала лекарите кои ја предупредиле јавноста во почетокот на јануари за појавата на новиот вид на коронавирус, пренесува „Билд“.
Една од последиците на кинеското однесување е недостигот на заштитна опрема на светските пазари, што ја отежнало борбата против вирусот во земји како Италија и Шпанија, пишува „Билд“.