Германски експерт објави поразителен податок: „Маските не заштитуваат, КОВИД-19 се пренесува и преку воздух“

од Nikola Popovski

Еден од најбараните експерти во Германија за коронавирусот, вирусологот Кристијан Дростен, тврди дека вирусот може да се пренесе со движење на воздухот, како и дека едноставните маски за лице не ги штитат оние што ги носат.

„Иако ова може да изгледа апсурдно, со вирусот може да ве заразе лице, кое е свртено со грбот кон вас“, вели Дростен.

Кога некој дише или кива – капки аеросол, со средна големина остануваат во воздухот некое време и ако има движење на воздухот, тие се пренесуваат понатаму, без оглед на тоа дали некој седи со грб кон вас – тврди овој експерт.

Бидејќи е можно пренесување преку воздухот, не постои научен доказ дека маските што многу луѓе ги носат денес обезбедуваат заштита од инфекцијата, рече тој.

„Преку работ на маската можете да вдишете аеросол кој останува во просторијата малку подолго – вели Дростен и додава дека дури и материјалот направен од едноставни маски не е доволно добро решение за целта за која се користи.

Интересно е што, Дростен носи маска во јавност, која ја добил како подарок во една продавница.

Сепак, не знаејќи дали тој е преносител на инфекцијата, го прави тоа за да ги заштити другите.

„Ако сум заразен, барем можам да ја поштедам својата околина на тој начин“, вели овој берлински експерт, пренесува германскиот магазин „Фокус“.

Дростен исто така поддржува употреба на податоци од мобилната телефонска апликација за следење на физичките контакти, кои ги прават заразените од коронавирус.

Доколку корисникот на апликацијата добие порака дека бил во контакт со заразено лице, тој или таа може да постапи по тој факт и да ja следи сопствената здравствена состојба, притоа свесно да избегнува контакт со други луѓе, што апсолутно не се потребни, вели Дростен.

 

Слични содржини