Германски експерт: Следната година веројатно нова вакцинација против корона

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Германскиот експерт Томас Мертенс изјави дека следната година на сите најверојатно ќе им треба нова рунда вакцинација против коронавирусот.

Мертенс, директор на германскиот Независен советодавен одбор за вакцини, рече дека сè уште нема доволно податоци врз основа на кои би можело да се каже кога ќе биде потребна новата вакцинација.

Истакна дека официјалните лица ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да видат дали заштитата од вирусот е слаба кај некои групи.

Додаде дека вирусот нема да исчезне и дека тековната вакцинација нема да биде последна.

Во Германија, 30,4 милиони луѓе или 36,5 проценти од населението, примиле барем една доза на вакцина до петокот, а повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од граѓаните, биле целосно имунизирани.