Германски навивачи силувале девојка во воз

од desk2
132 прегледи

Група навивачи на Борусија Менхенгладбах силувале 19-годишна девојка во воз кога се враќале од натпреварот со Баерн во Минхен.

Околу 750 навивачи на Борусија се возеле во два закупени чартер вагони, а несреќната девојка била одвлечена во тоалетите и таму била силувана.

Откако ја пуштиле, таа веднаш го пријавила случајот во полиција и возот бил сопрен веќе на следната станица и биле уапсени над 60 навивачи.

Нападнатата девојка ги препознала силувачите, а потоа била однесена во болница на испитувања и потоа била пуштена дома.

„Најостро го осудуваме овој ужасен инцидент. Се надеваме дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Срамно е Борусија да биде поврзувана со вакви дела“, стои во соопштението од раководството на клубот.