Германскиот амбасадор Роде се согласува со САД дека изборите на Косово треба да се одложат

од Stefanija Kuzmanovska

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде, изјави дека се согласува со ставот на САД за одложување на изборите на северот на Косово, пренесува „Косово онлајн“.

Роде на Твитер објави дека моменталната ситуација на северот на Косово не е погодна за одржување избори.

„Се согласувам со мојот американски колега дека изборите треба да се одложат. Очигледно е дека сегашната ситуација не го фаворизира нивното одржување сега“, напиша Роде.

Слични содржини