Германскиот министер за внатрешни работи со застрашувачки статистички податоци за бројот на исламистите

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Де Мезиер  во пресрет на 15-годишнината од нападите во 2001 г

 tomas
Во пресрет на 15-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година, сојузниот министер за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер упати предупредувања за голем број на исламистите во земјата, пишува националниот весник Die Welt.
“Нивниот број е повеќе од 520 – повисок од било кога. Тоа се лица за кои одредени факти укажуваат да се смета дека ќе извршат политички мотивирани злосторства од значителна важност “, коментира германскиот министер.
Покрај нив во земјата има и уште околу 360 “соодветни лица”, кои се сметаат како потенцијални поддржувачи на извршувањето на политички мотивирани злосторства.