Германските плажи на Балтичкото море преполни со туристи: Туристите ги окупираа и покрај предупредувањата на Меркел за короната (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
123 прегледи

Некои германски плажи на Балтичко Море беа толку полни во текот на викендот што никој веќе не можеше да влезе, пишува Дојче веле.

како што се наведува, местата на морето бележат наплив на туристи, кои решија да го поминат годишниот одмор во татковината.

Сончевиот викенд се совпадна со почетокот на летните училишни празници во шест германски покраини, но германската канцеларка Ангела Меркел сака вирусот да продолжи да се сфаќа сериозно.

Во саботата, убавото време привлече толку многу туристи на плажите на Балтичкото Море, што некои места, како што се Шарбојец и Хафкруг, објавија дека плажите се исполнети до последното место.

Бројот на посетители е ограничен заради правилата за дистанцирање.

„Гостите кои доаѓаат се насочени да минуваат низ нашето место“, рече Бетина Шафер, градоначалник на Шарбојец, град на околу 15 километри северно од Либек.

За време на викендот, плажите и паркинзите беа полни, така што само локалното население и туристите можеа да влезат во местото со резервации во хотели и станови.

Дури и таму каде што има места на плажите на Балтичкото и Северното Море, некои туристи не можеа да доаѓаат воопшто.

Имено, низ покраината се донесени уредби од провинцијата, особено оние кои се погодени од вирусот корона, каде можат да останат во хотелите само доколку имаат свеж негативен тест за вирусот корона.
Со овие мерки погодени се над 600.000 луѓе од Гитерслох и Варендорф, два округа од западниот дел на земјата, во последните денови, откако најголемата европска кланица стана ново жариште.

Вратени се строги мерки во двете области, а еден производител на месо се најде под остри критики поради очајните услови во кои живеат и работат претежно новодојденци од Балканот.

Опасноста ни приближно не е помината, предупреди во саботата канцеларката Ангела Меркел.

„Сметајте го ова сериозно, затоа што е сериозно“, им рече таа на граѓаните.