Германското обвинителство бара ограничување на брзината на автопат од 200 km/h

од Stefanija Kuzmanovska

Во Германија се повеќе се зборува за делници од автопатишта каде што нема ограничување на брзината, а многумина сметаат дека и на овие делници законски треба да се дефинира максималната брзина. Сега во дискусијата се вклучи и државното обвинителство кое смета дека идеалната граница би била 200 km/h.

Сè започна минатата година, кога чешки милијардер реши да ја тестира максималната брзина на својот Bugatti Chiron на јавните патишта во Германија.

Ова видео стана вистински хит на социјалните мрежи бидејќи овој богаташ од Чешка успеал на автопат да достигне брзина од 414 km/h. Против возачот имаше дури и судски спор, кој, секако, мораше да биде прекинат бидејќи не бил прекршен закон, бидејќи возел на делница каде што нема ограничување на брзината.

Сепак, од канцеларијата на државниот обвинител на регионот Саксонија-Анхалт доаѓа идејата дека треба да се воведе ограничување на брзината.

Како што пишува HAK Review, брзината што ја предлагаат е интересна, бидејќи не е 120 или 130 km/h, за што во моментов се зборува во Германија, туку дури 200 km/h.

Слични содржини