Германците произведоа мече со ликот на Ангела Меркел (ФОТО)

од Nikola Popovski

Германскиот производител на играчки Херман-Шпилверн претстави плишано мече создадено во чест на времето кое Ангела Меркел го помина на должност.

Играчката висока 40 см има одредени сличности со канцеларката.

Мечето има фризура како Ангела Меркел, додека шепите може да се превиткаат на начин на движење на рацете, познат како „ромбот на Меркел“.

Компанијата ќе произведе ограничена серија од 500 мечки со ликот на Меркел, по цена од 189 евра, а 16 парчиња ќе ѝ бидат испратени на Меркел во чест на бројот на годините колку што таа владееше со Германија.

„Се обидуваме да ги изразиме моментите од модерната историја преку нашите плишани мечиња“, рече Мартин Херман, генерален директор на една од најстарите фабрики за плишани мечиња во светот.

Канцеларката Ангела Мелкер се повлекува од функцијата, по 16-годишно владеење.

Слични содржини