Гир за Џамбаски: Политичарите да се воздржат од забелешки кога станува збор за добрососедски односи

од Nikola Popovski

Евроамбасадор Дејвид Гир ги коментираше последните провокации и забелешки од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски насочени кон премиерот Зоран Заев и С. Македонија. Според него, треба да се воздржиме од такви изјави.

„Што се однесува за забелешките од одредени политичари на другите земји и европратеници на земји-членки, нема да ги коментирам затоа што не е во мојата пракса, но важно е да се воздржуваме секогаш кога се работи за добрососедски односи и затоа политичарите мора да внимаваат во таа насока“, изјави Гир на новинарско прашање.

Од владата за „Локално“ по повод изјавите на Џамбаски во изминативе денови, во кои прво ја нарече Македонија бугарска, а потоа изјави дека од двете страни на Деве Баир живее ист народ, истакнаа владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатија јасни пораки дека С.Македонија и Бугарија се посветени да градат позитивни односи и доверба со цел надминување на разликите.

„Ги охрабруваме сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение. Сите дејствија на кој било чинител кои не одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“, се додава во реакцијата.

Слични содржини