Ѓорѓиевски не познава никој од спорната фотографија на која седат Костовски и Дардишта

од Nikola Popovski

Не познавам никој од фотографијата која кружи во јавноста, ниту од списокот кој излезе на лицата кои не оделе на работа, а земале плата, вака вели првиот човек на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за вчерашната слика објавена од советничката на Град Скопје, Ирина Витина за која тврди дека градоначалникот на скопски Бутел, Дарко Костовски стои позади бунтот во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

Ѓорѓиевски вели дека „тоа е добро познат нивен стил“.

За прашањава поврзани со сликата, јас навистина не знам. Тие имаат одредена доза на комплекс и страв од мене, затоа што доминирам над нивната структура со проекти и инфраструктура. Во услови кога градот го води Арсовска кога немаме реализација на ниту еден капитален објект, рече меѓу другото Ѓорѓиевски во емисијата „Клик плус“.

Витина вчера од говорницата во Градскиот совет рече дека „на 25-ти мај се случува една средба на една група на луѓе во која што главните влијанија ги имаат Делијан Дардишта која што е претседател на синдикалната организација во Комуналец и еден градоначалник на општина Бутел кој што пак е сопартиец и братучед на еден спасител на градот Скопје, градоначалник во една друга општина, добар инфлуенсер од Кисела Вода“.

На сите медиуми ќе им ја доставам фотографијава, ова е денот кога се прави планот како да се блокира претпријатието кое што се блокираше минатиот викенд, посочи Витина, која до неодамна беше дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на градот.

 

Слични содржини