Известувачот во Европарламентот за Македонија Иво Вајгл, како што е најавено, на денешната тет а тет средба со партиските лидери во Скопје  ќе ја пренесе уште еднаш пораката од Брисел,  дека  имплементирањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија мора да продолжи. Ахмети и Груевски може и наредните неколку дена да се договараат за стратегија како да се извлечат од падот,  но меѓународната заедница нема намера да отстапува за нешто што го гарантира, веројатно во таа насока ќе биде пораката на Вајгл од Брисел до Никола Груевски и Зоран Заев.ахметик

Претходно, амбасадорот на Европската унија Аиво Орав побара од политичките партии повторно да се вратат и да се вклучат во работата на работните групи.

„На 20 октомври истекува  и многу важен рок и согласно договорот од Пржино треба да се заврши многу работа. За жал нема многу време. Се надевам дека работата ќе биде завршена до зададениот краен рок и дека сите политички партии повторно ќе се вратат и ќе се вклучат во работата на работните групи без да губат време.

Истата порака беше упатена и од американскиот амбасадор Џес Бејли , кој го доби првото понижување пред јавноста, или дрскост од премиерот  Никола Груевски кој дозволи еден американски амбасадор  и дипломат да чека 45 минути на средба и отворање на настан. Такви излети своевремено со странците правеше единствено српскиот диктаторски режим на Слободан Милошевиќ кој се изживуваше со амбасадорите , особено со американскиот и го понижуваше на сличен начин.

Бејли  сепак  многу прецизно му порача на Груевски :

– Многу е важно да има независен и легален процес за прашањата што произлегуваат од пресретнатите комуникации. Ова е многу важно за да ѝ се помогне на Македонија да излезе од сегашната ситуација. Мислам дека процесот во работните групи треба да продолжи затоа што треба да се заврши важна работа, а не останува многу време.

Она што се дознава зад кулисите пак е дека Никла Груевски и Али Ахмети во последните денови имале неколку средби, и многу прецизно ги пребројуваат гласовите на пратениците , и тоа колку луѓе им се сигурни а колку може да ги напуштат во случај на одлука за  целосно блокирање на преговорите и процесот. Бидејќи се во иста каша  и Груевски  и Ахмети,   и се сериозно загрозени едниот да ја загуби лидерската позиција а Ахмети целата партија, партиски извори посочуваат дека двајцата лидери договорале  како да ја блокираат целата инплементација  како со спец обвинителката така и со назначувањето министер за внатрешни работи и поместување на повлекувањето  на Груевски од премиерската позиција. Обвинителството ја почнало работата со преполовување на барањата и медиумската хајка преку новинарските труби а(не) уставноста на законот ќе стои како закана која ќе се употреби кога ќе бидат најгусто велат  извори од партиите на власта.Според истиот извор во пребројувањето на лојалните  Ахмети можел да гарантира само за 6- 7 пратеници, во другите не бил сигурен, а Груевски за 54., така што се барало од Ахмети да има барем 10 пратенички гласа  за што  тој рекол дека ќе се обиде да ги обезбеди. Убедувањата биле дека мора да се оди на се или ништо бидејќи реална закана е Ахмети да ја изгуби партијата која му се преполови, и тука ВМРО може да му помогне преку своите медуумски труби и екстра владини проекти , исто како што е ралност дека ако профункционира специјалната обвинителка , се постави министерот за внатрешни  од опозицијата и не се спречи објавувањето на бомбите со закон , реално да се случи промна на власта , а потоа  и се она што следува, „согласно законот“ омилена фраза на власта која најммногу ја експлоатираа и Јанкуловска, и Тодоров, и Груевски и синоќа обвинителот Марко Зврлевски , кој очигледно никако не  сваќа дека специјално обвинителство направија затоа што неговото не функционира токму според излитената фраза – согласно законот !.

 

 

 

Слични содржини