Главниот косовски преговарач: Ги приближивме ставовите со Србија

од Nikola Popovski
132 прегледи

Главниот косовски преговарач, Скендер Хисени, изјавил дека експертите од Србија и Косово ги доближиле своите позиции кон прашањето за исчезнатите и раселените лица и економските односи.

„Дискусијата и размената на мислења беше поконструктивна денес. Останува да се заврши сè на највисоко ниво“, рекол Хисени, а пренесуваат српските медиуми.

По четвртата рунда експертски разговори во Брисел, Хисени им соопштил на албанските новинари дека нема информации дали прашањето за Заедницата на српски општини ќе биде отворено на состанокот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, закажан за понеделник.

Нови теми

„Ние не сме запознаени со ЗКК, но ова е еден вид дијалог кој не прејудицира, односно не ја исклучува можноста било која страна да отвори тема. Ние сме подготвени да разговараме за која било тема презентирана од другата страна“, заклучил Хисени.

По јулскиот состанок на лидерите, стручните тимови на Србија и Косово ги договорија позициите за исчезнатите и раселените лица, како и економските односи меѓу двете страни.

На средбата меѓу Вучиќ и Хоти треба да се отворат нови теми, пред се прашањето за имплементација на договорот за Заедницата на српските општини, но и прашањата за меѓусебните побарувања и имотите.

Слични содржини