Гледањето стари фотографии е начин да го подигнете духот во напнати ситуации, а задоволството од тоа може да се спореди со прошетка во парк.
Речиси сите корисници на социјалните мрежи гледаат своите слики, за да се разведрат. 3/4 од испитаниците го прават тоа секогаш кога се лошо расположени.
Експертите од Универзитетот во Портсмут докажале дека тоа е ефикасен начин да заборавите на проблемите и да се пренесете во моментите кога сте биле среќни. Психолозите им ја препорачуваат оваа терапија на сите кои страдаат од депресија.
Ова е прва студија којашто ја оспорува теоријата дека социјалните мрежи се штетни за здравјето, но сепак ова е барем една нивно предност. Во експериментот учествуваа 144 лица, кои имаат Фејсбук.
Просечната возраст на учесниците е 34 години, а повеќето од нив биле мажи. 39% од волонтерите имале проблеми со менталното здравје, иако 85% од нив се обратиле за помош на социјалните мрежи барем еднаш на ден. 75 проценти гледале стари фотографии, а 86% постојано читале пораки. Ова им претставувало вистинско задоволство.
