Поранешниот напаѓач на Челзи Дидие Дрогба беше казнет од клубот Монтреал Импакт, откако одби да игра во текот на минатиот викенд.

38-годишниот фудбалер не играше против Торонто, а тренерот Мауро Бијело објасни дека Африканецот гп одбил местото на резерва во тимот.
Санкцијата на Дрогба е наметната директно од Мејџр Лиг Сокер.
Дидие Дрогба остана резерва во два од последните четири натпревари на Монтреал. Тој има 10 гола во 21 натпревари оваа сезона.