„ГЛУПАВ СУМ, НО НЕ ТОЛКУ“: Победникот на Евровизија проговори за „дрогирањето во живо“

од Nikola Popovski
302 прегледи

Италија ја однесе победата на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, но повеќе од сè друго, се пишуваше и се зборуваше за „шмркањето кокаин во зелена соба“.

На мета бил фронтменот на бендот кој победи на музичкото натпреварување, Дамијано Дејвид, кој веднаш ги негираше обвинувањата кои се појавија на социјалните мрежи, а потоа најави дека ќе биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанции.

По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија.

„Никогаш во животот не сум конзумирал кокаин и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа“, рекол Дамијано и продолжил:

„И тоа пред камера која е насочена кон моето лице?! Дали е тоа затоа што сум глупав? Јас сум, но не до толку многу!“, додал пејачот.

Слични содржини