Глушко: Политичарите што го бојкотираа Светското првенство се најдоа во глупава состојба

од desk4
77 прегледи

  Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Глушко изјави дека политичарите кои го бојкотираа Светското фудбалско првенство што вчера заврши во Русија, на крајот се довеле во „глупава состојба“.

– Тие што се обидуваа да го политизираат фудбалското првенство влегоа во расправија во своите држави и, според мене, се доведоа во глупава состојба. Се лишија себеси од задоволството да бидат тука, како и од радоста да бидат заедно со својот народ, изјави Глушко.

Првенството го бојкотираа властите на Велика Британија, Австралија, Исланд, Данска и Полска, додека политичарите од Шведска и Јапонија најавија бојкот, но не го спроведоа.