Gmail Go веќе е достапна за преземање од Google Play

од Vladimir Zorba

Како што е познато, Android Oreo Go е лесна верзија на оперативниот систем за паметни телефони со помалку од 1GB RAM меморија. Концептот на компанијата е едноставен, но ефикасен и е поврзан со создавање на софтвер оптимизиран за уреди кои имаат 512MB и 1GB RAM меморија. Нивните софтверски инженери ги развиваат т.н. „Go“ верзии на популарни апликации кои не нудат целосен пакет карактеристики, но работат оптимално на послаб хардвер. Ова ги вклучува Google Maps Go и YouTube Go, кои сега се достапни за преземање.

Предметните апликации се два или три пати помали како големина, овозможувајќи дури на најевтините смартфони да работат со нив оптимално без разлика колку RAM имаат. Најновите податоци на „TechRadar“ откриваат дека најновиот претставник на „Go“ серијата од мобилни апликации е Gmail. Нејзината лесна верзија сега е достапна за бесплатно симнување од онлајн продавницата на Google Play. Според официјалните информации, инсталационата датотека има големина од 9,51MB, наместо стандардната 20,66M во нормалната верзија на Gmail.

По преземањето, ќе ви треба простор од 25MB за да можете да работите со Gmail Go. Ова е скоро двојно пониско од 47MB во целосната верзија на апликацијата. Сепак, компанијата се грижеше да обезбеди максимален број на функции на корисниците, кои ќе можат да ги категоризираат пораките во различни папки, да бараат клучни зборови, да ги филтрираат пораките и друго.

Апликацијата ќе им даде приоритет на важните електронски пораки и ќе ги категоризира на заеднички теми и врз основа на нивниот испраќач.

Слични содржини