ФОТО: Го фатија принцот на Црна Гора и Македонија. Ја одликувал и Памела Андерсон

од desk3
153 прегледи

 

Стефан Чернетиќ, кој живее во Торино, уапсен е во Италија бидејќи со години лажно се претставувал, ни помалку ни повеќе туку како принц од Црна Гора и Македонија.

Како претставник на црногорското кралско семејство учествувал во бројни манифестации, срдечно делејќи кралски одликувања.Чернетиќ со лажен идентитет стекнал бројни угледни пријатели. Фејсбук страницата ја наполнил со фотографии од познати личности и приеми при тоа пласирајќи лажни вести за себе. Светот го излажал претставувајќи се како потомок на Црнојевиќ и принц од Црна Гора и Македонија. Во Атина се дружел и со принцезата од Грција и од Данска, Ирена, Пред тоа бил и во друштво на шеико и модело, бил на трка на Формула 1 во Монако.

Познатата плејбој зајачица Памела Андерсон пред престолонаследникот на Црна Гора и Македонија на еден прием клекна за од него да ја прими титулата “грофицата од лилјани Санта Марија Лигуре”. Чернетиќ тогаш ја прогласи за “Голема дама на Црна Гора”, a нејзините синови за  “црногорски витези”.

Во елитното одморалиште во Венецјиа црногорскиот принц направил поголема сметка, а неговиот менаџер потоа ја проследил до македонската амбасада во Италија. Тоа била првата и единствена грешка откако се претставувал како престолонаследник.

– Не ни испраќајте сметки, немаме принц, и сигурно  не го делиме со Црна Гора, одговориле од македонската амбасада. Го информирале италијанското Минстерството за внатрешни работи после што се покренала постапка. Полицијата испратила слики на Чернетиќ  и неговиот соработник во четирите околни градови со напомена да обрнат внимание на Мерцедес накитен со црногорски знамиња, пишува Блиц. Италијанските медиуми не наведуваат зошто за отворање на постапка за негово апсење било потребно една година. Потврдиле дека при апсењето се најдени дипломатски пасоши и налепници, меѓународни награди, разни дипломи, потврди од кралска куќа во Црнба Гора.