Го фатиле како краде од подрумски простории, приведен скопјанец

од Берта Китинска

Приведен 25-годишник додека крадел од подрум на зграда во реонот на Бит-Пазар.

На 13.03.2022 во 20.35 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода О.М.(25) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување на кривични дела „тешка кражба“. Имено, со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените, соопштија од МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава за извршени 7 кривични дела „тешка кражба“.

Слични содржини