Го казнија Роналдо!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе истрпи казна од 5 натпревари поради своите
постапки за време на натпреварот за Суперкупот на Шпанија против Барселона.

Средбата на Ноу Камп заврши со победа на кралскиот клуб со 3: 1, а во завршните минути Португалецот доби втор жолт картон и се  си стрча кон главниот судија буткајќи го .
Со оглед на реномето Дисциплинската комисија на Кралската фудбалска федерација на
Шпанија (RFEF) одлучи да го казни Роналдо со еден дуел за вториот жолт картон и уште четири за
тоа дека  го турна судијата. Така тој ќе го пропушти реваншот со Барса на Сантијаго Бернабеу, како и
првите четири дуели на својот тим во Примера дивизион.
Инаку Кристијано  го доби првиот жолт картон во 80-тата минута, откако го соблече дресот по дадениот
гол.

Две минути подоцна тој падна во шеснаесетникот на Барса, а судијата му покажа уште еден жолт
за симулација. Под влијание на емоциите Португалецот грубо стрча  кон арбитерот и го бутна , пред да го
напушти теренот.