Веќе речиси една недела откако беше избран новиот претседател на САД, а страстите околу претседателските избори продолжуваат да ги возбудуваат САД со интересни детали и трансформации околу настанот. Меѓу промените кои ќе се случуваат во Белата куќа по пристигнувањето на Доналд Трамп во неа, ќе биде кардинална промената на менито, објави весникот The Times.

Според британскиот таблоид во претседателската резиденција ќе влезе омилената храна на Трамп – помфрит, печени кокошки и хамбургери. Можеме да претпоставиме дека новоизбраниот претседател на САД не е голем поддржувач на здравата исхрана, за разлика од поранешната прва дама – Мишел Обама. Токму затоа од The Times се пошегува дека градинката од биозеленчуци создадена од неа, многу наскоро ќе биде заменета со голф – уште едно од омилените нешта на Трамп.
Меѓу другите претпоставки на изданието е дека виното во Белата куќа ќе биде произведувано од грозје од сопствените лозови насади на милијардерот, а што се однесува до месото – тоа ќе биде увезена од странични добавувачи, бидејќи компанијата за производство на месо на Трамп го прекина своето постоење во 2014 година