Го преживеал пожарот на авионот во Москва, а сега сите го мразат

од desk2
155 прегледи

Русинот Димитриј Хлебушкин, иако ја преживеал страшната авионска несреќа во Москва во неделата, станал еден од најомразните луѓе. Имено, преживеаните патници го обвиниле дека спречил брза евакуација од авионот и притоа го забавил бегството од запалениот авион на “Аерофлот”.

Тој наводно седел на местото 10Ц и го напуштил авионот со својата торба, што е крајно необично со оглед на тоа што авионот горел.

Хлебушкин, дури, на насобраните новинари им се пожалил дека “Аеролофт” нема да му ги врати парите за картата.

“Разговарав со претставници на компанијата 40 минути и се обидував да добијам враќање на парите и на крајот не успеав. Тие се бесчувствителни и непрофесионални луѓе”, им рекол на новинарите.

Меѓутоа, после ова почнал нападот над него на интернет форумите, а пронајдена била и снимка на која се гледа дека носи ранец со себе за време на напуштањето на авионот.

Руските медиуми јавуваат дека само тројца патници по Хлебушкин успеале да го побегнат од авионот.

Хлебушкин во обраќањето до новинарите го пофалил екипажот бидејќи му помогнал безбедно да го напушти запалениот авион.

“Беше мрачно и многу топло, луѓето ги извлекуваа од авионот. Имам висок крвен притисок и имам аритмија. Сакам да живеам”, рекол пред да биде префрлен во болничкото возило.

Експерти за авиони велат дека веројатно би имало помалку жртви ако евакуацијата се одвивала со брзо темпо.

https://www.youtube.com/watch?v=JexTqMXguY8

“Загрижува тоа што некои патници ги изнесувале своите торби од авионот, а некои дури и снимале видео снимки од внатрешноста на леталото”, рекол новинарот Џефри Томас.

“Ова е уште една ситуација во која гледаме дека патниците прво ги спасуваат своите торби, па потоа излегуваат од авионите во итни ситуации, наместо да излезат побрзо. Притоа други патници ги губат животите”, рекол тој.