Против писателот Стивен Кинг е покрената тужба вредена половина милијарда долари, пишува таблоидот “Ти Ем Зи”.

Тужбата е поднесена од американскиот автор на стрипови Стивен Грант, кој тврди дека Кинг позајмеил од него еден од своите клучни ликови Роланд Дешејн. Според тужителот Кинг го изградил својот литературен лик од циклусот “Темната кула” по примерот на протагонистот Рестин Дане од стрипот на Грант “топол”. И двајцата ликови се вечно млади научни индустријалци кои патуваат низ времето , се борат со чудовишта и носат каубојски облека, иако не се од Запад. За Кинг судската битка тешко ќе има поволен развој, со оглед на фактот дека тој самиот повеќепати признал дека е фан на предметната стрип серија објавени меѓу 1977 и 1983 година Осумте делови на “Темната кула” пак се издадени помеѓу 1982 и 2012 г .