Настапи новата 2017 година, а со неа и нашите очекувања за здравје и подобар живот. Што сепак ни ветуваат ѕвездите?

Овен
Сметајте на себе. Енергетијата годинава ќе е доволно стабилна за да ги реализирате плановите. Независно од сè треба да сте и претпазливи. Настаните ќе се случуваат по природниот ред, на моменти дури бавно, но колку и јасни да ви изгледаат резултатите, не е пожелно да ризикувате и да се впуштате во авантури. Не ја предизвикувајте судбината, за да не зажалите. Победничка тактика во 2017 година е набљудувањето и чекањето. Не вреди да брзате. Многу поважно е оваа година да се задржи постигнатото, отколку да напреднете забележливо. Чувајтеги силите и личните односи, тие ќе бидат малку проблематични.
Бик
Постојат реални предуслови за напредок во 2017 година. Важно е учеството во настаните. Од вас се бара да сте будни, да реагирате флексибилно и да сте темелни спрема секоја работа, со која ќе се зафатите. Ќе се судрите и со тешкотии, но тие не треба да ве очајуваат. Дејствувајте со внатрешната упорност, трпение и приземеност, нема да зажалите. Вселената ќе ве воодушеви со пријатни изненадувања во сите насоки. Ќе има на што да се радувате на деловен, љубовен и семеен план.
Близнаци
Една од важните задачи во оваа година е да создадете точен баланс помеѓу професионалните и личните обврски. Прашањата поврзани со домот, роднините, семејството ќе излезат во преден план. Ќе сфатите дека збунетоста на работа ве дистанцира од блиските и сте заборавиле важни моменти од заедничкиот живот. Ви претстои да доживеете свежи љубовни емоции, кои дури и не сте си ги замислувале. Настаните ќе се динамични, ќе ги споите новите задачи со недовршени стари. Ви претстојат важни одлуки со долгорочен ефект.
Рак
Оптоварени сте со трпение и оптимизам. Ви претстои година, исполнета со доста искушенија, ситни (но релативно чести) проблеми со кои ќе се справите ако ги мобилизирате силите и ги контролирате емоциите. Земајте го секој успех како награда за манифестираните напори. Бидете сигурни дека такви награди ќе има, при тоа доволно често и доволно значајни. Благодарение на тешкотиите ќе можете да ги размислите од најдобрата страна, да ги стабилизирате позициите и да ослободите максимален потенцијал.
Лав
На општ план 2017 година ќе биде релативно мирен период. Секако, ќе треба да се справите и со некои проблеми од деловен и професионалeн карактер. Бидете максимално внимателни и осигурајте најнови информации при организирање на трансакции, потпишување на долгорочни договори и воопшто, кога работите со документи. Ќе заштедите проблеми ако одвојувате должно време и внимание на членовите на семејството и саканите. Чувството дека ги игнорирате поради некоја причина ќе предизвика сериозни судири. Во такви моменти реагирајте со насмевка и хумор, наместо со долги и досадни објаснувања.
Девица
Во 2017 година ќе се случат настани кои ќе ви ги испровоцираат емоциите. Ќе сте премногу импулсивни и доста нервозни. Лошото е дека колку повеќе бурно реагирате, толку повеќе проблеми ќе се создадат. Дејствувајте мудро. Погрижете се да создадете рамнотежа помеѓу мислите и чувствата. Не го оптоварувајте непотребно нервниот систем. Почувствувате ли напон, прифатете го како сигнал и испуштајте ги “сигурносните вентили”. Во таков момент ориентирајте го вниманието кон личните интереси, хобија, природата. Ќе имате можност да си организирате или да учествувате во забавно-когнитивни патувања. Искористете, како си обезбедите и соодветен придружник.
Вага
Успешна и мирна ќе е за вас 2017-та година. Ќе имате можност да ги придвижите истовремено и новите и незавршени проекти. Ќе добиете одговор на прашања кои ви се возбудливи долго време, но до моментот изгледале како топка замрсено предиво. Нема да ги избегнете неочекуваните тешкотии, но ќе ја добиете потребната помош од вистинската личност во вистинскиот момент. Некои инциденти може да ви ја нарушат душевната рамнотежа, сепак ќе е за малку и за ваша среќа, ќе се случува ретко.
Скорпија
Период на промени. Период и на изненадувања. Универзумот не ветува сите да се пријатни, но повеќето ќе се. А, најинтересно е дека ќе се случуваат неколку работи истовремено и секогаш ќе излезе да се ориентирате адекватно во ситуацијата. Личните односи ќе бидат малку конфликтни. Причина за ова во повеќето случаи ќе е однесувањето, упорните обиди да наметнете мислење или критериумите за правда по секоја цена. Ќе имате потреба од поддршка и ќе си ја обезбедите, ако се однесувате кон околината со разбирање. Љубовниот живот ќе зоврие и ќе врие од страсти и интриги. Не ги дискутирајте сомнежите дури и со блиски пријатели. Во желбата да помогнете, ќе наштетите.
Стрелец
Можеби ова е периодот за кој се готвите долги години. Новите контакти ќе се синхронизираат со постојните врски. Секое тврдење ќе биде предизвик и ќе дојдете до нестандардна одлука со која ќе го зголемите вашето искуство. Личните, љубовни, романтични односи ќе се трогателни. Ќе ги паметите долго настаните поврзани со семејството и најблиските роднини. Финансиската положба ќе е малку нестабилна. Потрудете се да бидете максимално економични.
Јарец
Многу е важно да ја започнете годината со соодветно темпо и да го одржувате. Секојдневието ќе е исполнето со нови контакти, идеи, предлози, авантури. Уживајте со ист ентузијазам како на забавата, така и на професионалните достигнувања. Соочете се со тешкотиите како “дел од пејзажот”. Тие се корисни. Тие се искушенија кои ќе ви обезбедат напредок. Љубовните односи ќе се доста динамични, контрадикторни и далеку од претставата за идила. Не драматизирајте ја разделбата, кога ќе се случи. Филозофски гледано, тоа е време за размислување.
Водолија
Сè почесто ќе се враќате во мислите кон минатото во 2017-та. За да ги анализирате грешките, за да ги повторите обидите, за да ги откриете одлуките. Имате потреба од време за себе. Обидете се да си го обезбедите без влошување наличните односи. Не е исклучено да се вратите на старите проекти и да најдете за нив различна, поефикасна апликација. Работите нема да ви се добијат без работа, но и без фантазија, па дејствувајте со имагинација и упорност. Ќе ја ресетирате прекината романтична врска и ќе ја наполните старата љубов со нов сјај.
Риби
Динамичен период. Премногу често ќе сте во епицентарот на настаните и ќе мора да реагирате брзо, но паметно и одговорно. Дејствувајте храбро, одлучно, самостојно. Искористете ги можностите да напреднете професионално, да се стабилизираат позициите и да си изработите оптимален ритам на работа. Прифатете ја популарноста како нешто заслужено. Првично може да е загрижувачки, но наскоро желбата на луѓето да комуницираат со вас ќе ве радува и полни со оптимизам. При толку интензивен проток на контакти е корисно да сте претпазливи, да не дискутирате детали од личниот живот, да не ги споделувате перспективните планови и финансиската состојба.