Во 2020 година, Овните конечно ќе сфатат дека мораат да си се посветат себе и да престанат да се грижат за проблемите на другите.
Конечно ќе научите критиките да не ги земате при срце, но во исто време ќе станете и потолерантни кон незнаењето и неинформираноста на другите, ќе одмавнете со главата и ќе продолжите по својот пат. Малку ќе ви оди тешко, бидејќи сте познати по тоа што сте емпатични и ги жалите другите, но за кратко време ќе се навикнете на новата ситуација.
А еве што друго ви носи 2020 година:
Работа
Работата ќе ви биде споредна, а слободното време ќе го посветите на семејството, пријателите и личниот развој. Обврските ќе ги извршувате секогаш навреме, но со ограничена посветеност. Ќе си дадете време за одмор за изминатите неколку години во кои работата ви беше приоритет. Во последните месеци од 2020 можете да очекувате солидна понуда за ново работно место или за напредување на постоечкото.
Љубов
Во 2020, Овните дефинитивно ќе расчистат со сите личности поради кои страдале. Не сакате да слушате празни приказни и да се лажете себе дека овојпат ќе биде поинаку. Ќе ви биде тешко, но тоа значајно ќе ви го олесни животот, особено кога во втората половина на годината ќе се појави личност која ќе ве заинтересира, но со која нема да брзате, за да не ги повторите грешките кои претходно скапо ве чинеа.
Овните кои се во врска ги очекува турбулентен период, кој може да резултира или со чекор понапред во врската или со раскинување. Најважно е да ја донесете исправната одлука.
Овните во брак имаат мир, а односот со партнерот уште од самиот почеток на годината ветува дека ќе имате одличен заеднички и семеен живот.
Пари
На почетокот на 2020 ќе потрошите дел од својата заштеда, но за кратко време, со труд и работа, ќе успеете да го надоместите тоа. Почнете повторно да штедите по летниот одмор. На блиска личност можеби ќе ѝ биде потребна парична позајмица. Размислете добро пред да одвоите поголема сума пари од својот буџет.
Здравје
Позитивниот став ќе придонесе да се чувствувате помирно и постабилно. Ќе сакате да шетате, да патувате, ќе јадете поздрава храна и ќе зрачите со позитивна енергија. Чувствителни сте на временските промени, па во таков период, избегнувајте да патувате. Направете редовен систематски преглед уште во јануари.