Новата година за претставниците на знакот Бик ќе започне со многу планови и големи очекувања. Наскоро ќе сфатите дека не сите идеи можете веднаш да ги спроведете на дело.
Ќе научите да разликувате важно од неважно и ќе ги намалите активностите кои ви одземаа премногу време. Ќе бидете поорганизирани и поодговорни, а тоа позитивно ќе влијае врз повеќе аспекти од вашиот живот.
Во 2020 ве очекуваат неколку патувања, а на едно ќе се инспирирате да научите нов јазик и да истражувате нова култура. Ќе имате многу интереси кои ќе ги прошират вашите видици.
Работа
Можеби очекувате унапредување, но тоа нема да се случи, барем не на почетокот на годината. Ова малку ќе ве обесхрабри, но ќе мора итно да се помирите и да продолжите да работите како и претходно. Кон средината на годината можно е да добиете понуда за трансфер во друга фирма или за работа во странство.
Студентите ќе имаат мали потешкотии со неколку испити. Но, веќе во следната сесија ќе добијат преодни оценки, а тоа ќе им даде ветер во грбот.
Љубов
Биковите кои се во врска ќе сакаат да започнат заеднички живот со партнерот, но тоа нема да се случи. Ќе се посомневате во неговата љубов, ќе се појават караници и ако не се смирите навреме, многу е веројатно да раскинете. Треба само да издржите до последното тримесечје од годината, кога нештата ќе се средат речиси сами од себе.
Слободните Бикови ќе се зближат повеќе со личност од својата околина, за која досега не размислувале на романтичен начин. Вашите изливи на љубомора ќе бидат сосема неосновани.
Венчаните Бикови треба да внимаваат кој сè им се меша во бракот, а најмногу проблеми ќе потекнуваат од навидум блиска личност, па дури можеби и член на семејството.
Пари
На почетокот на годината ќе ви недостига одредена сума пари, па ќе сакате да наплатите стари долгови. Меѓутоа, нема да наидете на соработка, па може ќе треба и да позајмите. Ако треба да подигнете кредит, добро проучувајте ги и читајте ги условите кои банката ви ги нуди.
Здравје
Во 2020 често ќе имате главоболки. Ќе се обидете со многу лекови, но ќе треба да ја детектирате причината, за да можете успешно да се излечите. Можен е стрес кој ќе го заслабне вашиот имунитет. Почнете со физичка активност, за да останете мотивирани и силни.
Годишен хороскоп за 2020 за ОВЕН: Конечно пронаоѓате мир и заборавате на минатото