Во 2020 година Девиците ќе ги мачи променливо расположение, а од ден во ден ќе бидат сè поконтрадикторни. Ќе одат од крајност во крајност за сè во животот.
Нема да успеете да најдете златна средина во своето однесување, па затоа некои луѓе од вашата околина ќе ве сметаат за несериозни. Односите со блиските исто така ќе бидат доста нестабилни, а може да се случи некоја ситница да предизвика голема караница.
Од друга страна пак, ќе размислувате да дадете втора шанса на некој што првиот пат многу ве повредил. Кон средината на годината веќе ќе се стабилизирате и ќе почнете поразумно да носите одлуки.
Работа
Ќе аплицирате на секој оглас за кој сте компетентни, бидејќи сметате дека во компанијата каде сте сега, немате простор за напредување. Но, нема да ви се допаднат ниту интервјуата на кои ќе бидете повикани. Ако сте невработени, имате желба да работите што било, само да носи некаков приход. Ќе бидете упорни во намерата да се докажете колку вредите.
Ако сте студент, ќе положите испит кој ви задава голема мака. Имате желба да работите некоја хонорарна работа, а контактите кои ќе ги воспоставите, ќе ви бидат од корист и во иднина.
Љубов
На почетокот на годината нема да сакате сериозна врска. Тоа може да повреди личност која има навистина искрени и сериозни намери кон вас. Но, вие сте свесни дека лажната надеж воопшто не е добра, па нема ни да ја давате. При крајот на годината ќе запознаете личност која одговара на вашите критериуми за партнер за врска, но сепак нема да се случи тоа, барем не пред очите на јавноста.
Девиците кои се во врска ќе имаат период во кој ќе ја преиспитуваат љубовта кон партнерот, особено во оној момент кога ќе се појави една личност која многу ги привлекува. На вас е да одлучите колку го сакате партнерот и дали би ја жртвувале врската која ја имате, за една кратка авантура. Ако сте во брак, можни се мали караници кои нема да го загрозат односот.
Пари
Многу ќе трошите на ситници кои реално не ви се потребни. Веќе нема да имате место во плакарите и фиоките, а нема да водите сметка ни за тоа колку храна купувате. Обидете се да заштедите некоја сума, бидејќи во втората половина од годината е можен трошок кој сериозно ќе го наруши вашиот буџет. Запомнете, приоритет се режиските трошоци, храната и неопходностите за дома, другото може да почека.
Здравје
Одете на редовни прегледи, особено внимавајте на штитната жлезда. Ќе мора да ги промените животните навики за да избегнете здравствени компликации. Во слободно време обидете се повеќе да вежбате и потрудете се физичката активност и балансираната исхрана да ви преминат во навика.