Ѓоковиќ го одбрани трофејот во Доха (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првиот трофеј во 2017 година, откако синоќа  го освои „Катар Опен“.

Вториот светски рекет беше подобар во Доха од во моментов најдобриот планетарен тенисер Енди Мареј (Велика Британија) во меч кој траеше речиси три часа.

Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 6:3, возврати Мареј со 7:5, а во решавачкиот трет сет Србинот беше подобар со 6:4.

За Ѓоковиќ ова беше 67. АТП трофеј, воедно и 25. победа во 36. меѓусебен дуел со Мареј

И клку за другата страна на играта. Ноле при еден незгоден доскок падна на теренот, а Мареј во истиот момент истрча кон него за да провери дале сè е во ред. Ѓоковиќ смогна сили и го продолжи натпреварот, а првиот рекет на светот за овој потег доби овации од присутната публика.

Ова е само уште еден податок плус дека, иако се големи ривали на тенискиот терен, нивното пријателство е бесценето.