Новак Ѓоковиќ ја отвори новата 2019 година онака како што ја заврши 2018, прикажувајќи маестрален тенис на стартот на турнирот во Доха каде сигурно јасна цел ќе му биде освојување на титулата.

Српскиот тенисер оваа вечер не му даде никаква шанса на Дамир Џумхур, одружувајќи му вистинска тениска лекција во меч кој не траеше ниту еден час. Ѓоковиќ за точно 57 минути игра го декласираше Босанецот со 6:1 и 6:2, со што ја продолжи добрата серија во новата сезона.
Сепак, за Новак ова е прва официјална победа по двата триумфи на егзибицискиот турнир во Абу Даби, а негов втор предизвик во Доха ќе биде дуелот со Фучович во осминафиналето на турнирот од серијата 250.