Ѓоковиќ: Ние сме како животни во затворен кафез

од Vladimir Zorba
85 прегледи

   Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ го дигна гласот против третманот на тенисерите на Австралија опен кои мораат да ги играат мечевите во неподносливи услови.

Србинот пред два дена го победи Французинот Гаел Монфис кој за време на мечот претрпе топлотен удар. Во еден момент на теренот беа измерени 69 степени, а под сенка беше измерена температура од 39 степени.

– За се постои граница на прифатливост, но очигледно поважен е профитот, продажбата на билети, ТВ права и слично, а потоа сме ние. На некој начин сме третирани како животни во кафез, истакна Ѓоковиќ.

Тој ги повика организаторите на АО да ги поместат мечевите за три-четири часа додека поминат најголемите горештини, а потоа ако е потребно да се игра и под рефлектори и до доцна во ноќта кога условите се прифатливи.