Светскиот број 1 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ изјави дека негова главна цел на турнирот во Шангај оваа недела е да го врати уживањето во играта.

“Во последно време имаше моменти на подем и пад. Имав флуктуации, како целина сеедно не наоѓав задоволство на теренот, а мотивацијата ми беше падната. Ова е мојот приоритет сега – да си го врати уживањето во играта и навистина да се чувствувам среќен на теренот. Сè друго треба да оди во позадина “.
“Веќе мислам дека се е во ред. Мило ми е што повторно сум во Шангај. Во последните неколку недели тренирав, за да можам повторно да се натпреварувам со најдобрите. Се надевам дека ќе покажам добро ниво оваа недела, следната недела”.
Ѓоковиќ ќе започне со одбраната на трофејот во Шангај директно од втор круг, каде што му претстои дуел против Фабио Фонини.