Во 4. коло од Лигата на шампиони најинтересниот натпревар со најмногу голови се одигра на Стемфорд Бриџ каде Челзи и Ајакс одиграа нерешено 4:4.
Ајакс имаше водство и од 1:4, но на крајот мораше да се задоволи со бод, откако остана со двајца фудбалери помалку по црвените картони на Блинд и Велтман.
Абрахам во 2. минута си постигна автогол, изедначи Жоргињо во 5. минута од пенал, а Промес по дваесет минути игра одново им донесе водство на „копјаниците“. До крајот на првиот дел Кепа Аризабалага си постигна автогол, а ван де Бек зголеми на 4:1. Но тимот на Френк Лампард не се предаде, па два гола постигна капитенот Азпиликуета, а еднаш стрелец од белата точка беше Жоргињо за конечни 4:4.
Неверојатен пресврт направи Борусија Дортмунд во второто полувреме откако по првиот дел губеше со 2:0 од Интер. Лаутаро Мартинез и Весино погодија за „неразурите“, но во вториот дел со двата гола на Хакими и еден на Брандт, Борусија стигна до голема победа од 3:2.
Во останатите резултати Валенсија со пресврт во второто полувреме го совлада Лил со убедливи 4:1, Лион рутински славеше над Бенфика со 3:1, додека Ливерпул многу потешко од очекувањата го совлада Генк со 2-1.
Наполи ремизираше на домашен терен против Салцбург (1:1), натпревар на кој Елиф Елмас воопшто не влезе во игра.