12
Голем пожар избувна вчера на грчкиот полуостров Пелопонез, поради што беа евакуирани 6 села и голем број туристи во областа Коринт. Селото Фенео, со 70 жители, е пеплосано. Борбата со пожарот во планинскиот предел продолжи утрово.
Приведени се две лица за предизвикување на пожарот. Се смета работеле со шмишајбна и заварувале во близина на избивањето на пожарот.
Освен од земја до вчеравечер се гаснеше и со 15 авиони и 11 хеликоптери. На земја дејствуваа 200 пожарникари.
Од утрово, кога противпожарните летала повторно можеа да летаат, борбата со раширениот пожар, продолжува, и на повеќе места во планинскиот регион, тој е локализиран.
Над Пелопонез има огромен облак чад од пожарот.