Пет села се евакуирани во областа Александрополис поради голем пожар кој беснее надвор од контрола.
Бројот за итни случаи 112 денеска испратил порака до жителите на трите населби Авантас, Амфитрити и Маистрос да се евакуираат и да се движат кон градот Александрополис, додека претходно беше испратена порака до жителите на Монастираки и Дорискос да се евакуираат кон Фереш, пренесува агенцијата Амна.
Според последните информации од Бригадата за противпожарна заштита, пожарот гори на три главни фронта, а најголемиот југоисточно од селото Лутрос оди кон Монастираки и Дорискос.
Во областа дува силен ветер, што ја прави ситуацијата многу тешка и опасна.