Голем скандал! Ѕвезда на Јунајтед на суд поради местење натпревар

од Vladimir Zorba

Играчот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, е вмешан во голем скандал за местење натпревари. Според англиското издание на „Сан“, тој ќе се исправи пред суд, бидејќи наводно учествувал во манипулирана средба помеѓу Реал Сарагоса и Леванте во 2011 година.

Во тоа време, Ерера беше играч на Сарагоса, и веројатно бил еден од играчите кои учествувале во местенката.

Судот е на мислење дека играчите добиле солидна сума пари пред натпреварот.

Водечките инспектори на судот во Валенсија ќе повикаат вкупно 33 фудбалери до летото за да ги испрашаат еден по еден.

Меѓу нив е капитен на Атлетико Мадрид – Габи.

„Никогаш не сум имал и никогаш нема да има ништо заедничко со наместените натпревари. И никогаш не сум бил на суд, па така јас би бил среќен да присуствувам и да помогнам ако можам“, рече тој во изјавата од 2014, кога за првпат имаше индикации, дека можеби е вмешан во слично нешто.

Слични содржини