Голема акција на Европол: Уапсени 288 лица, запленети дрога и оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Во операција со кодно име SpecTor, координирана од Европол, беа уапсени 288 лица осомничени за купување или продавање дрога на dark web.

Во рамки на акцијата запленети се повеќе од 50,8 милиони евра во готовина и виртуелни валути, 850 килограми дрога и 117 парчиња огнено оружје.

Запленетата дрога вклучува повеќе од 258 килограми амфетамин, 43 килограми кокаин, 43 килограми МДМА и над 10 килограми ЛСД и апчиња екстази.

Операцијата SpecTor се состоеше од низа засебни комплементарни дејства во девет земји. Апсењата се извршени во САД (153), Обединетото Кралство (55), Германија (52), Холандија (10), Австрија (9), Франција (5), Швајцарија (2), Полска (1) и Бразил (1).

Слични содржини