Голема чест: Садио Мане добива стадион во Сенегал

од Nikola Popovski
402 прегледи

Сенегалскиот фудбалер Садио Мане стана херој на нацијата, бидејќи беше еден од најзаслужните за освојувањето на Африканскиот куп на нации.

Мане го постигна решавачкиот гол во финалето во пенал серијата против Египет, а во текот на турнирот имаше учинок од три гола и две асистенции.

Поради тоа заслужи стадион во Сенегал да го носи неговото име.

Според „The Sun“, градоначалникот на родното место на Мане, Абдулае Диоп изјавил дека фудбалерот и оддаде почит на целата земја, вклучувајќи го и неговиот роден град.

„Одлучив да го именувам стадионот Седхиу по него. Би сакал да изразам благодарност до сите синови и ќерки од овој регион“, рече Диоп.

Стадионот кој ќе го носи името на Мане моментално е во изградба и треба да биде отворен следната година.

Крилниот напаѓач на Ливерпул на почетокот на својата кариера донираше пари за болници, џамии и бројни објекти во Сенегал. Неодамна платил итно лечење за момче кое било повредено во болница.

Познат е и по тоа што не е преокупиран со материјалните работи, што неколку пати го потенцираше во текот на кариерата.

Како што наведува „The Sun“, Мане заедно со другите соиграчи од репрезентацијата ќе добие 64.000 фунти како и два терени, поради успехот во Африканскиот куп на нации.

Ова е прва титула за Сенегал во ова натпреварување, а Мане веќе се врати во Англија каде со Ливерпул се обидува да го стигне Манчестер Сити кој е на чело на Премиер лигата.

Слични содржини