Садио Мане го откри клучното оружје на Ливерпул

од Vladimir Zorba

Силниот тимски дух во Ливерпул е клучен фактор во натпреварите од сите натпреварувања во последните месеци, изјави напаѓачот на англискиот тим, Садио Мане.
 
Минатата недела, „црвените“ победија со 4:1 дома Вест Хем и останаа сериозни шанси да бидат во првите четири во Премиер Лигата. Во Лигата на шампионите, екипата од „Енфилд“ е на чекор од пласман во четвртфиналето по успехот со 5:0 како гостин против Порто.

„Тимскиот дух и самодовербата се со нас и тоа ни помага. Секој поединечен играч се чувствува среќен да игра со своите соиграчи. Ова се најсилните карактеристики на составот. Среќни сме и работиме напорно. Целта ни е да продолжиме да победуваме. Клубот се движи во правилна насока во последните месеци. Знаеме дека можеме да победиме секој тим во светот“, изјави Мане за британските медиуми.

Ливерпул е на 15 поени зад лидерот во Премиер лигата – Манчестер Сити.

Слични содржини