Голема катастрофа во Париз Париз,

од Vladimir Zorba

Париските власти затворија голем број на метро станица во градот поради обилните врнежи кои се излеаја врз француската престолнина.

Доцна во неделата силна двочасовна бура го поплави градот, принудувајќи најмалку 15 станици да бидат затворени поради поплави. Сепак во понеделников наутро метрото работеше без промена, а сообраќајот беше нормален.

Противпожарната служба во главниот град само за изминатата вечер добила вкупно 1700 повици и во 87 е отишла на самото место, за да им помогне.

Лошото време во Франција продолжува и денес, а  за 12 департмани, вклучувајќи и Париз, е во сила портокалова предупредувачка шифра за обилни врнежи и грмотевици.

Слични содржини