ГОЛЕМА ПРОМЕНА во начинот на работа на кралот Чарлс, објавено најново соопштение

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Кралот Чарлс повеќе нема лично да го прима британскиот премиер во својот кабинет секоја недела, туку ќе одржува состаноци по телефон, соопшти Даунинг стрит, пренесува Sky news.

Да потсетиме, во нормални околности сите средби со премиерот се одржуваат во Бакингемската палата.

Кралот Чарлс вчера отиде од Кларенс Хаус во Бакингемската палата, од каде со хеликоптер беше пренесен во Сандригам.

Бакингемската палата во понеделникот попладне објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Засега не е откриено за каков вид на рак се работи, но потврдено е дека ракот бил дијагностициран додека кралот се лекувал од проблем со простатата.

Слични содржини